Фудбал
16. July 2015 - 9:35

ЛЕ: Работнички од 17.30ч против Јелгава

Фудбалерите на Работнички, в четвроток, ќе го одиграат првиот натпревар од второто квалификациско коло во Лига Европа.
 
Актуелниот освојувач на македонскиот Куп, во терминот од 17:30 часот, ќе гостува во Летонија кај Јелгава.
 
Работнички кој во претходното коло ја елиминираше естонска Флора од Талин, во Летонија, посакува позитивен резултат кој би му ја олеснил работата на реваншот во Скопје, кој е закажан за наредниот четврток.
 
Инаку Работнички е единствениот македонски преставник во оваа фаза во Лига Европа, откако Ренова и Шкендија не го минаа првото коло.