Loading Video...
Ракомет
1. July 2021 - 19:52

ЛЕ: Признание за Е. Пелистер, директен пласман во групната фаза

ЖИВО 
Европската ракометна федерација денеска потврди дека 11 тима ќе играат директно во групната фаза во Лигата на Европа а меѓу привилегираните е и македонскиот вицешампион Еурофарм Пелистер.  
Ова е секако големо признание за битолчани и македонскиот ракомет бидејќи Пелистер се нареди меѓу најсилните екипи на ова натпреварување како што се Магдебург, Нант, Бидисоа и Татабања. 
Покрај овие екипи пласман во групната фаза обезбедија и Горење, Савехоф, Винтертур, Татран, Чеховски Медведи и Кокс.  Последниот тим кој ќе игра директно во групите ќе биде одреден со вајлд-кард. 
Во оваа фаза ќе учествуваат вкупно 24 екипи поделени во 6 групи.