Фудбал
9. March 2018 - 9:27

ЛЕ: Предност за Ристовски и Спортинг

Eдинствениот македонски претставник во Лига Европа, Стефан Ристовски одигра одличен меч за својот Спортинг откако беше стартер по подолго време за тимот од Лисабно. Португалците остварија значајна предност против Плзен во првиот осминафинален дуел од 2-0 и ќе биде чудо ако не се пласираат понатаму.

За него беше загарантирана позицијата десен бек на првиот дуел со Чесите и Ристовски беспрекорно си ја заврши работата, а Спортинг ја оствари целта и победи без примен гол.
 
Изненадување приреди Динамо Киев со реми, 2:2 во Рим против Лацио, а доминацијата на домашните екипи во вториот блок први осминафинални дуели ја потврдија Марсеј со победа од 3:1 против Атлетик Билбао и Лајпциг со триумф од 2:1 со Зенит.
 
Возвратните дуели се на  15. март.