Македонија
20. јуни 2019 - 16:15

Ле Монд: Германија, Франција и Холандија не дадоа зелено светло за датум

Ле Монд потврди дека Франција , Геманија и Холандија  се  против  започнување преговори за Македонија и Албанија. Според весникот,земјите во Унијата се длабоко поделени околу  пршањето на приемот на сите земји од Западниот Балкан. Алибито на Франција е дека Унијата мора да се зацврсне  одвнатре и да се преиспита дали има капацитет за апсорпција на нови членки пред да тргне во нови проширувања.

Ле Монд посочува дека  националистичките влади  во  Унгарија , Полска и Италија  се најголеми поддржувачи на проширувањето, бидејки според весникот,  нивна крајна цел е дезинтеграција на Унијата, иато како што тоа некогаш гоправеше Британија.

 Шефот на грчката дипломатија КАтругалос за еуроњуз порача дека одлуката за Македонија во Луксембур не е најидеален потег, но е позитивен. Според него, стратешкиот стремеж на Грција останува во соседството да има Европопски Балкан.

Сепак, во колумна на Фајненшл Тајмс, европските лидери се обвинуваат дека западнуиот балкан го третираат како мочуриште од кое треба да се изолираат.

Сега ЕУ повторно маневрира за да го одложи почетокот на пристапните преговори со двете земји од Западниот Балкан. По одложувањето минатата година , одново тоа се случи неделава и тоа за октомври. Ова одложување е за жалење, се вели во текстот.

Весникот оценува дека догворот на Македонија и Грција треба да биде награден, отоворањето на преговарачкиот процес за земјата треба да помогне во зацврстување на договорот.  Според Фајненшл Тајмс се отвора можност  преговорите да стартуваат прво за МАкедонија, а дури потоа и  за Тирана. Но,  весникот предупеува дека  подолгото одложување за Албанија може да предизвика тензии во АЛбанија, но и во Македонија и Косово.