-->
-->
ЛЕ: „Лавовите“ се подготвуваат за подвиг
-->
Пред тежок предизвик во реваншот со Алашкерт од Лига Европа е Македонија ЃП. Нашиот претставник има негатива од 3-1 со ерменскиот претставник од првата средба но во екипата се убедени дека голот постигнат на гостински терен може да ги однесе во 2. коло.
„Ние знаеме сега со каков тим се соочуваме. Тој гол во гости ни дава надеж и позитивна надеж дека можеме да дојдеме до позитивен резултат. Победа од два гола не е недостижна, верувам во моите соиграчи, така што ќе се обидеме на теренот да го покажеме најдоброто од себе. Можеме да направиме позитивен резултат, а дали тој ќе биде доволен за наредната фаза, ќе видиме“, оптимист е еден од најдобрите во редовите на Македонија ЃП Марко Јовановски.
Средбата се игра в четврток од 16.30ч на терените на ФФМ.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Министерот се премисли: Основците нема да одат на училиште во сабота
-
Агресијата кај учениците е резултат на целокупната состојба во државата
-
ВО ЖИВО: Нема настава во сабота
-
Тема на денот со претседателот на ДИК, Александар Даштевски
-
ССК: Кога среда е неработен ден, сте ја изгубиле цела недела
-
Во Југоистокот на државата запишани 1547 болни и изнемоштени лица
-
ВО ЖИВО: Подготовки во ДИК
-
Гласање во затвор „Идризово“, запишани 887 избирачи