ЛЕ: Ибрахимовиќ донесе победа за Манчестер Јунајтед
Фудбалерите на Манчестер Јунајтед остварија минимална победа од 1-0 во дуелот од 2.коло од Лига Европа откако на „Олд Трафорд“ ја победија украинска Зорја. Стрелец на голот беше Златан Ибрахимовиќ во 69.минута, на асистенција на Вејн Руни, кој една минута претходно го замени Лингард.
По натпреварите од второто коло од Лига Европа кои беа комплетирани синоќа шест екипи имаат максимален учинок две победи од два натпревара. Во оваа група се тимовите: АПОЕЛ, Зенит, Ајакс, Шахтјор, Красондар и Шалке.
Во група Ф пак сите четири екипи постигнаа победа на домашен терен.
Резултати на натпреварите од 2.коло:
A група: Манчестер Јунајтед – Зорја 1:0 и Фенербахче – Феенорд 1:0.
Табела: Фенербахче 4 бодови, Феенорд 3, Манчестер Јунајтед 3, Зорја 1.
Б група: Олимпијакос – АПОЕЛ 0:1 и Астана – Јанг Бојс 0:0.
Табела: АПОЕЛ 6, Олимпијакос 3, Астана 1, Јанг Бојс 1.
Ц група: Сент Етиен – Андерлехт 1:1 и Габала – Мајнц 2:3.
Табела: Андерлехт 4, Мајнц 4, Сент Етиен 2, Габала 0.
Д група: Зенит – АЗ Алкмар 5:0 и Дундалк – Макаби Тел Авив 1:0.
Табела: Зенит 6, Дундалк 4, АЗ 1, Макаби Тел Авив 0.
Е група: Рома – Астра 4:0 и Австрија Виена – Викторија Плзењ 0:0.
Табела: Австрија Виена 4, Рома 4, Викторија Плзењ 2, Астра 0.
Ф група: Генк – Сасуоло 3:1 и Атлетик Билбао – Рапид Виена 1:0.
Табела: Сасуоло 3, Атлетик Билбао 3, Рапид Виена 3, Генк 3.
Г група: Селта Виго – Панатинаикос 2:0 и Ајакс – Стандард Лиеж 1:0;
Табела: Ајакс 6, Селта 4, Стандард 1, Панатинаикос 0.
Х група: Шахтјор – Брага 2:0 и Гент – Коњаспор 2:0;
Табела: Шахтјор 6, Гент 4, Брага 1, Коњаспор 0.
И група: Шалке – Салцбург 3:1 и Краснодар – Ница 5:2;
Табела: Краснодар 6, Шалке 6, Салцбург 0, Ница 0.
J група: Либерец – ПAOK 1:2 и Фиорентина – Карабах 5:1;
Табела: Фиорентина 4, ПАОК 4, Либерец 1, Карабах 0.
К група: Спарта Прага – Интер 3:1 и Хапоел Бир Шева – Саутемптон 0:0;
Табела: Саутемптон 4, Хапоел Бер Шева 4, Спарта 3, Интер 0.
Л група: Стеауа – Виљареал 1:1 и Цирих – Османлиспор 2:1.
Табела: Виљареал 4, Цирих 3, Османлиспор 3, Стеауа 1.
Натпреварите од 3.коло се играат на 20.октомври.
Ново на Сител
-
Тројца уапсени во врска со истрагата за поткуп против рускиот заменик министер за одбрана
-
Грчката фрегата соборила беспилотно летало во Црвеното море во рамките на операцијата „Аспидес“
-
Александар Ѓорчевски со нова жалба пред Врховен
-
Почина Велибор Џаровски - Џаро
-
Приведен тетовец баран со потерница
-
Ограбено тетовско казино, уапсени две лица
-
Судот на БИХ одреди притвор за три лица уапсени под сомнение дека соработувале со картел кој шверцувал дрога од Латинска Америка во Европа
-
ОН: Речиси 282 милиони луѓе ширум светот се соочиле со акутен глад во 2023 година