Фудбал
26. August 2016 - 10:42

ЛЕ: И во Романија се игра фудбал, Астра го елиминира Вест Хем

Елиминацијата на Вест Хем Јунајтед е најголемото изненадување во бараж натпреварите за пласман во фазата по групи, во Лига Европа.
 
Англискиот тим, исто како и минатата сезона, учеството во Лига Европа го заврши во четвртото коло.
 
Романскиот тим Астра, иако на домашен терен одигра 1-1, успеа во реваншот да слави 1-0 на Олимпискиот стадион во Лондон.
 
Филипе Тешеира во 45.минута го постигна голот кој Астра ја однесе во фазата по групи.
 
Баражот за пласман во фазата по групи не успеа да го мине Шкендија која беше елиминирана од Гент, а од тимовите од поранешна Југославија учеството го завршија Војводина и Црвена ѕвезда (Србија), Марибор (Словенија), Локомотива Загреб и Хајдук (Хрватска).
 
Хајдук од Макаби загуби по изведувањето на пенали, откако по 120 минути игра во Сплит резултатот беше идентичен како и во Израел 2-1.
 
Лига Европа:
 
Карабаг-Гетеборг 3-0 (прв натпревар 0-1)
 
Брондби-Панатинаикос 1-1 (0-3)
 
Грасхоперс-Фенербахче 0-2 (0-3)
 
Слован Либерец-АЕК Ларнака 3-0 (1-0)
 
Розенборг-Австрија Виена 1-2 (1-2)
 
Партизани-Караснодар 0-0 (0-4)
 
АЗ Алкмар-Војводина 0-0 (3-0)
 
БАТЕ Борисов-Астана 2-2 (02)
 
Генк-Локомотива Загреб 2-0 (2-2)
 
Османлиспорт-Митјиланд 2-0 (1-0)
 
ПАОК-Динамо Тбилиси 2-0 (3-0)
 
Шкендија-Гент 0-4 (1-2)
 
Спарта Прага-Сендерјиске 3-2 (0-0)
 
Марибор-Габала 1-0 (1-3)
 
Црвена ѕвезда-Сасуоло 1-1 (0-3)
 
Хајдук-Макаби 2-1, пенали 3-4 (1-2)
 
Олимпијакос-Арука 2-1 (1-0)
 
Сент Етиен-Беитар 0-0 (2-1)
 
Вест Хем-Астра 0-1 (1-1)
 
Шахтјор-Басакшехир 2-0 (2-1)
 
Рабип Виена-Тренчин 0-2 (4-0).