Фудбал
18. August 2016 - 19:26

ЛЕ: Гент-Шкендија вечерва во 20:45 часот

Последниот македонски тим на европската фудбалска сцена, тетовска Шкендија вечерва во Белгија, против Гент го игра првиот меч од плејофот за место во групната фаза од Лига Европа.

„Црвено-црните“ веќе направија одличен резултат со минувањето на трите квалификациски рунди, па сега амбициите им се пласман во групната фаза во второто по квалитет клупско европско фудбалско натпреварување.

Почетокот на натпреварот е во 20 часот и 45 минути.