Ракомет
27. October 2020 - 20:28

ЛЕ: Еурофарм Пелистер поразен во Данска

Ракометарите на Еурофарм Пелистер се поразени со 30-29 на гостувањето во Данска каде играа против домашниот ГОГ Гудме. 

Битолчани одлично го одиграа второто полувреме откако во првото немаше победник 14-14 но по водството од 2 гола во 57м дозволи данскиот претставник набрзина да израмни на 29-29.  Следуваа две шанси за Пелистер да дојде до победа но домашниот голман Андреасен одлично одбрани и му овозможи на Гудме да дојде до водство од 30-29. 
Нашиот претставник го имаше последниот напад за израмнување но и тој не го искористи и на крајот заслужено го загуби овој интересен и драматичен меч.