Фудбал
13. April 2018 - 10:24

ЛЕ: Елиминација за Лацио и Лајпциг

Ништо не е сигурно во европските натпреварувања. Тога се почувствува на реванш четвртфиналните дуели и од Лига Европа кога и тимовите со убедлива предност од првата средба стравуваа за своите судбини како Арсенал и Атлетико Мадрид.

Изненадувања се случија  во Франција и Австрија, но и „тесни“ моменти за големите Атлетико Мадрид и Арсенал.

Најголемото изненадување го направи австрискиот Салцбург, кој со фантастични пет минути во второто полувреме успеа да го исфрли Лацио и покрај тоа што клубот од Рим имаше предност од 4:2 по првиот меч.

Чиро Имобиле во 55. минута донесе водство за гостите по што Италијанците помислија дека веќе се во полуфиналето, но само минута подоцна, Изралецот Мунас Дабур израмни за домаќините. Но, тогаш следуваше австриската „фурија“ – од 72. до 76. минута Лацио прими три гола (Хајдара, Хванг и Лаинер) за апсолутен пресврт на Салцбург со што обезбедија двомеч за пласман во финалето.
Марсеј успеа да ја надополни разликата од 0:1 против германскиот вице-шампион РБ Лајпциг, победувајќи со 5:2 во меч кој имаше „фуриозен“ почеток.

Лајпциг дојде во водство уште во втората минута преку Брума, но до деветтата минута беше 2:1 за Марсеј – прво Илзанкер си постигна автогол во шестата минута, пред Буна Сар да создаде делириум во француското пристаниште. Флоријан Тован во 38. минута зголеми на 3:1, резултат кој остана на полувреме и ги носеше Марсеј во полуфиналето.