Свет
26. March 2021 - 10:31

Ле Дриан: Германија ќе ги зајакне здравствените контроли на границата со Франција

Германија ќе ги зајакне здравствените мерки за патниците кои пристигнуваат од Франција, со „задолжителни тестови“ и „случајни проверки“, соопшти денеска шефот на француската дипломатија Жан-Ив Ле Дриан, јави дописникот на МИА.

-Ова значи повеќе засилени непредивдени здравствени контроли од она што постоеше до сега, со задолжителни тестови и препорачан карантин, рече шефот на француската  дипломатија за радио „Франс Инфо“.

Претседателот Емануел Макрон од своја страна зборува за  „нови мерки“ пред третиот бран и престојните „тешки недели“ што треба да дојдат и увери дека нема „табу“ за следните ограничувања.