Фудбал
6. April 2018 - 12:08

ЛЕ: Доминација на фаворитите

Фаворитите остварија убедливи победи во првите четвртфинални дуели од Лига Европа.

Арсенал славеше со 4-1 против ЦСКА Москва. 
Во Рим Лацио оствари победа од 4-2 во дуелот со Салцбург.
Проблеми немаше и Атлетико Мадрид во победата од 2-0 над португалскиот Спортинг.
 
Атлетико Мадрид, пак е многу блиску до полуфиналето, откако со 2:0 со головите на Коке и Гризман беше подобар од Спортинг Лисабон, за кој не настапи македонскиот репрезентативец Стефан Ристовски.
 
Единствено Лајпциг ќе се „поти“ на гостувањето на „Велодром“, откако во првиот меч со 1:0 го совлада Марсеј. Креатор на победата беше Тимо Вернер со гол во финишот на првото полувреме.