Македонија
20. August 2021 - 12:05

ЛДП и ДОМ го објави првиот кандидат за градоначалник

Граѓанската коалиција на ЛДП и ДОМ го објави првиот кандидат за градоначалник. Имено, за свој кандидат за градоначалник на Гевгелија оваа коалиција ќе го номинираа бизнисменот Виктор Петков.

Како граѓанска коалиција на ЛДП и ДОМ сметаме дека Гевгелија заслужува да има градоначалник кој ќе се грижи единствено за интересите на градот, човек кој ќе излезе од рамките на личните и партиските интереси и своето искуство и знаење, целосно ќе го насочи за поубава Гевгелија.Градоначалник, кој нема да биде партиски послушник, туку интересот на граѓаните ќе го има за свој единствен приоритет, велат од коалицијата.

Петков е основач и генерален менаџер на ВИПРО ДООЕЛ Гевгелија, компанија од преработувачката индустрија за храна, која се занимава со преработки на овошје и зеленчук. Од партијата велат дека во досегашното негово делување и активност потврдил дека е општествено одговорен, успешен менаџер и човек кој ќе ја направи Гевгелија подобро место за живеење. Од коалицијата додаваат дека во периодов што следи ќе ги најават и останатите кандидати за градоначалници и советници.