Македонија
6. September 2017 - 13:57

Лажно се претставил дека е вработен во МВР и ѝ земал 11.000 евра за да ја направи пратеничка

Прилепчанец лажно ѝ се претставувал на велешанка дека е вработен во МВР, односно во УБК, и ѝ рекол дека ќе посредува таа да биде зачленета во партија, потоа да биде поставена за координатор на Велес и да стане кандидат за пратеник. За возврат ѝ побарал 700.000 денари, а таа заслепена од ветувањата, му ги дала парите без двоумење.

СВР Скопје поднесе кривична пријава против Б.К.(35) од Прилеп, за измама.