Балкан
17. October 2022 - 15:06

Лажни дојави за бомби во пет училишта во Белград

Српската полиција утврдила дека биле лажни дојавите за поставени бомби во пет белградски училишта, јави агенцијата Бета повикувајќи се на извори во Министерството за внатрешни работи.

Утринава пристигнале пријави на електронска пошта во пет училишта во Белград, а во едно од нив е потврдено дека се работи за лажна пријава, соопшти претходно Министерството за образование, наука и технолошки развој.
Како што се наведува, пријавите пристигнале во Медицинското училиште во Звездара, 13-та белградска гимназија, гимназијата „Барајево“ и на адресите на двете основни училишта „Павле Поповиќ“ во Враниќ и „Бранислав Нушиќ“ на Вождовац.