Свет
15. јуни 2017 - 18:28

Лажна тревога во Берлин

Нема никаква опасност по тревогата дадена во Берлин откако сомнителен куфер беше забележан во центраот на градот денеска околу пладне.
 
Според германската полиција во него имало само алишта, пренесува дописникот на МИА од Берлин.
 
По проверката на куферот од страна на специјални единици на берлинската полиција, во близина на Александар Плац, повторно се отворени неколку затворени улици а нормално функционира и сообраќајот.
 
Предходно берлинската транспортна компанија ги информира патниците дека ќе има застој во собраќајот поради поставена бомба на една од метро станиците.