Лажна e вестa дека МВР распишало јавен оглас за вработување на 500 полицајци
Министерството за внатрешни работи ги демантира објавите на „Алфа“ и „Скопјеинфо“ од 05.08.2020 година за распишан јавен оглас за вработување на 500 полицајци. Во моментов МВР нема распишано оглас за вработување на полицајци воопшто, а последниот јавен оглас за вработување на 500 полициски службеници е распишан во август 2017 година. Имено, и на линкот наведен во текстовите на двата портала, кој треба да води до наведениот оглас, упатува до празна страница, односно во моментов не постои објава на ниту еден оглас. Министерството за внатрешни работи уште еднаш апелира да не се изнесуваат лажни вести и дезинформации кои можат да доведат до забуна во јавноста, туку инсистира на точно, навремено и вистинито информирање, кое е и еден од приоритетите во работењето на ова министерство.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари