Живот
20. May 2019 - 11:03

Лажна драма на Евровизија: Пред "неизвесната" завршница се знаело дека Холандија ја победи Македонија и Шведска

Инфаркт завршницата на Евровизија ги збуни речиси околу 200 милиони гледачи во последните минути од завршницата на Евровизија, Холандија води, Македонија и Шведска ги чекаат гласовите од публиката. Тамара Тодевска е пред вистински инфаркт, шведскиот претставник грицка нокти, Холанѓанецот ги крцка рацете, вистинска тензија…

Ако сето ова го гледавте, без потреба се нервирате како и останатите милиони луѓе пред малите екрани,а најмногу од Македонија и Шведска.

Тие што ги знаат правилата на Евровизија откако Холандија ги доби гласовите од публиката и изби на првото место веднаш знаеја дека Македонија и Шведска немаат никакви шанси за да го престигнат, бидејќи веќе се било одлучено- еве и како,

Што се случи навистина ќе ни открие нашиот волшебен број 2.378 кој ја создаде целата лажна еуфорија, запомнете го овој број!

ПРВ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ЖИРИТО

Сите знаеме дека натпреварувачите прво добиваат гласови од стручното жири од 41 земја кои учествуваат и гласаат.

Секое жири доделува 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 поени, односно 58 вкупно, или вкупно 2.378 поени (тоа е нашиот таен пријател, волшебниот број 2.378! Дали го запомнивте?)

Еве како изгледаше табелата по гласањето на жирито:

Шведска 239 поени од жирито

Македонија 237

Холандија 231

Италија 212

Азербејџан 197

Австралија 154

Чешка 150

Швајцарија 148

Русија 125

Малта 75

Данска 69

Кипар 69

Франција 67

Исланд 48

Норвешка 47

Грција 47

Словенија 46

Албанија 43

Србија 38

Естонија 38

Германија 32

Белорусија 18

Сан Марино 16

Британија 13

Израел 12

Шпанија 7

ВТОРИОТ ДЕЛ: ГЛАСОВИТЕ ОД ПУБЛИКАТА

Е сега доаѓа делот кој е многумина очигледно не го сфатија, гласовите од публиката или така наречениот телеволтинг.

Гласовите од публиката се собираат на ниво на секоја држава која гласа, а потоа на учесниците им се доделуваат поени по принципот 1,2,3,4,5,6,7,8,10 и 12 како и кај гласовите од жирито.

Во случај гласовите од Македонија на пример за она песна која освоила најмногу гласови добива 12 поени, па се така до најмалку освоените гласови, 1 или неосвоени 0 гласови.

Така од публиката од секоја земја ќе бидат доделени вкупно 58 поени (1+2+3+4+5+6+7+8+10+12) што значи дека во делот на гласањето на публиката во игра се уште 2.378 поени, односно 58 бодови по пат на публиката од 41 земја.

Со гласовите од публиката притоа се постигнува поголема тензија и возбуда кај гледачите на шоуто, па така се соопштува претставникот со најмалку бодови, па се до победникот.

Во првото гласање и бодовите од жирито Шпанија на пример беше последна на табелата и доби само 7 бода, а кога дојде гласањето од публиката тие наместо да им ги соопштат на Шпанија гласовите добиени од телеволтингот, тие бодови се собираат и пресметуваат во поени, (во случајов 53) бода од сите држави.

Што значи дека Шпанија вкупно освои 60 бодови, 7 од стручното жири и 53 од публиката од сите држави.

ТРЕТ ДЕЛ: РАСТЕ ВОЗБУДАТА

Натпреварувањето продолжи со тензии, па така во еден момент Русија доби одлични 244 поени од публиката и избива на првото место со вкупно 369 поени.

Наскоро ја престигнува Италија која добива 253 бодови од публиката и со гласовите од жирито 212 сега има вкупно 465 бодови.

Останаа само да ги доделат гласовите на Холандија, Македонија и Шведска.

И тука доаѓа големата завршница која организаторите на Евровизија не го одведоа во најдобро светло.

МАГИЧНИОТ БРОЈ 2.378

Тука повикуваме помош од нашиот таен пријател, бројот 2.378, што ли ќе се случи сега?

Тоа што не го размислиле убаво организаторите на Евровизија е дека со редот на соопштување на гласовите од публиката од најслабиот од најдобро рангираниот, ние во секој момент можеме да пресметаме колку бодови останале да се поделат на преостанатите учесници.

Така во саботата пред Холандија, Македонија и Шведска 23 земји учеснички веќе ги добија своите поени или вкупно 1.966 бодови од публиката, Шпанија 53, Израел 35, Британија3 и така натаму. Бидејќи вкупниот број од публиката е 2.378, ни бод повеќе, ни бод помалку, тоа значи дека за распоредот на Холандија, Македонија и Шведска останаа точно 2.378-1.966=412. Ни бод повеќе, ни бод помалку.

Во тој момент се распоредуваат овие бодови, па така:

Италија 456 бодови, (212 од жирито и 253 од публиката)

Шведска 239 поени од жирито

Македонија 237 поени од жирито

Холандија 231 поен од жирито

Потоа Холандија следна дознава колку бодови добила од публиката, драмата и тензијата во Тел Авив врие!

ПРОСЛАВАТА МОЖЕ ДА ЗАПОЧНЕ, НО НЕ ПОЧНУВА?

Математиката сега е јасна. На Холандија и се потребни најмалку 235 бодови од публиката за да се издигне на првото место пред Италија.

Ако најмалку добие толку поени, се е јасно, Холандија е победник на Евровизија, бидејќи за Македонија и Шведска остануваат да се поделат помалку бодови од публиката со што нема да се искачат на првата позиција.

Потоа водителите открија дека Холандија доби дури 261 поен што ја искачи на врвот со недостижни 492 поени!

Холандија 492 поени (231 од жирито + 261 од публиката)

Италија 465 (212 од жирито+253 од публиката)

Шведска 239 од Жирито

Македонија 237

Сега остана на Шведска и на Македонија да им се доделат само 151 поен кои се непрестижни за Холандија на која никој не и кажува се уште дека е победник!

Гласањето продолжи и на ред е нашата земја и Тамара Тодевска да ги сознае поените. Возбудата расте за 2 милиони Македонци и за 10 милиони Швеѓани, но и за 17 милиони Холанѓани.

Дали Тамара ќе освои 501 поен за да избие на првото место? И приреди најголемо историско изненадување на Евровизија?

Секако веќе знаеме дека останаа само 151 поен, но публиката уште повеќе ја држи во неизвесност публиката!

Чудо, Тамара доби 58 поени од публиката, видно разочарана го призна поразот од публиката.

Лажната драма доживува уште поголема атмосфера, на Шведска и требаат 254 поени од публиката за да избие на првото место, дали е тоа возможно? НЕ.

Веќе е јасно Шведска ќе добие само 93 поени кои преостанаа, Швеѓаните во неверување, Холанѓаните предизвикаа ерупција во салата.

Лажната атмосфера не очекува и следната година во Холандија.

Запомнете: Учете ги децата на математика, па дури и да ја користат само на Евровизија!