Свет
27. November 2015 - 22:30

Лажна дојава за поставена бомба на железничка станица во Белгија

Белгиската полиција вечерва ги евакуираше сите патници и вработени од железничката станица во градот Намир, поради телефонска дојава за поставена бомба во објектот.

Како што јави електронското издание на весникот „Либр Белжик“, веднаш по евакуацијата, специјални тимови на белгиската полиција ја провериле станицата и по 30-тина минути објавиле дека не е пронајдена никаква сомнителна направа. 

Поради лажната дојава времено беше во прекин целиот железнички сообраќај низ станицата во Намир, што предизвика бројни доцнење на возовите.