Балкан
8. April 2017 - 21:35

Лажна дојава за подметната бомба во трговски центар во Подгорица

По полициската истрага утврдено е дека дојавата за подметната бомба во трговскиот центар „Делта Сити“ во Подгорица е лажна.

Во моментот на дојава во трговскиот центар имало повеќе стотина луѓе, кои беа евакуирани од објектот.

Трговскиот центар околу 16 часот повторно е отворен.