Македонија
5. March 2016 - 14:25

Лажна дојава за бомба во тетовско Лешок

Непознато машко лице изутринава, во 1.50 часот се јавило на бензинската пумпа на „Лукоил“ во тетовското село Лешок и на вработениот му рекол дека околу бензинската пумпа има поставено бомба.

Како што информира денеска МВР, на местото на настанот се упатени полициски службеници, а по извршената проверка констатирано е дека се работи за лажна пријава.

СВР Тетово презема мерки за пронаоѓање на сторителот.