Македонија
21. January 2022 - 15:39

Лажен волонтер собира пари во име на Црвен крст во Аеродром

Општина Аеродром ги предупредува граѓаните да бидат многу внимателни затоа што на нејзината територија деновиве е забележано машко лице кое лажно се претставува како волонтер на Црвен крст и собира парични средства за непостојни хуманитарни активности.

– Имено, според информациите до кои дојде Општина Аеродром, станува збор за момче на возраст од 23 до 25 години, високо над два метра, облечено со црна зимска јакна и црни фармерки, со капа на главата и маска на лицето. Според сведоштва на жителите, момчето ѕвони и тропа од врата на врата и бара пари од граѓаните, наводно за потребите на Црвен крст. Непознатиот измамник на луѓето на кои му отвориле врата им велел дека парите што ги собира ќе бидат искористени за помош на деца од нашата општина, соопштија од општината.