Loading Video...
Ракомет
29. October 2018 - 14:46

Лазаров: Заслуживме многу критики, треба стоејќи да ги издржиме

По вчерашниот пораз на нашите ракометари од Грција, не стивнуваат реакциите во македонска спортска јавност. 
 
Бројни се оправданите критики на сметка на ракометарите, за кои и самите тие се свесни, дека овој пораз навистина боли, особено кога доаѓа од нашиот јужен сосед. 
 
И капитенот Кирил Лазаров веднаш по мечот истакна дека ракометарите ги заслужиле сите критиките, и дека мора да ги издржат, но Лазаров е сигурен дека овој пораз нема да ја смени целта, а тоа е пласман на ЕП 2020 во кој Лазаров е убеден. 
 
„Она што го говорев по дуелот со Турција, дека многу грешиме и мораме да играме далеку подобро, очигледно не ме разбраа и послушаа па денеска ги повторивме истите грешки. Секако дека сум разочаран, одигравме уште еден многу слаб натпревар во кој бевме далеку од нивото на кое знам дека можеме да играме. Потфрливме на мечот на кој моравме да победиме, ова е срамен пораз и шлаканица за сите нас. Има уште да се игра во овие квалификации, шансите за ЕП воопшто не се загубени, но ќе мора да смениме многу работи во пристапот и играта на наредните дуели“ – изјави капитенот Кире Лазаров.
 
Квалификациите продолжуваат во јуни следната година со двата натпревари против Исланд, кој е лидер во нашата група со две победи од исто толку натпревари.