Македонија
8. September 2015 - 16:45

Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда, е добитник на државната награда „8 Септември“

Лазар Лечиќ, македонската кошаркарска легенда, е добитник на државната награда „8 Септември“ за животно дело за 2015 година во областа на спортот.

Останати добитници се алпинистот Здравко Дејановиќ,Руждија Калач успешен боксер, тренер и селектор, Љупчо Стојчевски тренер, селектор и меѓународен судија во кик бокс. Постхумно е одликуван и доајенот на македонјското Карате, Димче Кичевски.

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Маријан Спасоски на доделувањето на високото државно признание во Собранието на Република Македонија истакна дека на овој голем ден се оддава признание на луѓе кои преку спортот на најдобар можен начин ја промовираат нашата држава на меѓународен план.

- Определбата на Владата на Република Македонија вистински да го поддржува спортот како масовниот, така и врвниот спорт веќе ги дава очекуваните резултати. За спортистите се утврдени можности на вреднување на нивните резултати и преку категоризација овозможивме целосна финансиска поддршка и стимулација за остварување на врвни спортски резултати. За младите и талентирани спортисти ја обезбедивме стипендијата „Спортска надеж“, а Владата направи историски исчекор со воведувањето на националното спортско признание за спортистите со кое доживотно материјално се обезбедуваат врз основа на остварен спортски резултат, рече Спасоски.

Државната награда „8 Септември“ во областа на спортот е воведена пред четири години со која се валоризира вредноста и искажува благодарноста кон сите кои преку спортот успеаја да ја промовираат Македонија.