Лавров: Жалиме поради затворањето на конзулатот во Сан Франциско
Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска за време на телефонскиот разговор со американскиот колега Рекс Тилерсон изрази жалење поради „ескалација на тензиите“ по одлуката на Вашингтон да го затвори рускиот конзулат во Сан Франциско и уште два објекта, соопшти руското МНР.
- Москва внимателно ќе ги анализира новите мерки на Американците, по што ќе биде соопштена нашата реакција, се наведува во соопштението.
Државниот секретар на САД го побара Лавров телефонски откако Вашингтон соопшти дека и наложил на Москва да го затвори својот конзулат.
- Во одговорот, шефот на руската дипломатија изрази жалење поради ескалација на тензиите во билатералните односи, пишува во соопштението.
Рускиот конзул во Сан Франциско, Сергеј Петров изјави дека Генералниот конзулат ќе дејствува согласно одлуката која ќе ја донесе руското раководство во врска со мерките на Американците.
- Сега Министерството за надворешни работи ќе одлучува за процедурата за затворање и каде ќе отидат луѓето, истакна Петров.
Русија има дипломатска мисија во Сан Француско од 1852 година. Конзулатот е затворен во 1924 година поради недостаток на финансиски средства, но повторно е отворен во 1934 година откако Вашингтон воспостави дипломатски односи со Советскиот сојуз.
САД денеска побара од Русија да го затвори својот конзулат во Сан Франциско, како и два објекта во Вашингтон и Њујорк како одговор на Москва која го намали американскиот персонал во Русија.
Стејт департментот соопшти дека таа одлука е донесена „во духот на реципроцитет“, додавајќи дека рокот за затворање на објектите е до сабота.
Ново на Сител
-
Доларот зајакна петта недела по ред, порасна и цената на нафтата
-
Десет загинати во воздушен судар и уривање на два воени хеликоптери во Малезија | ВИДЕО
-
Северна Кореја извршила симулација на нуклеарен контранапад
-
Стапува во сила првиот билатерален Договор за стратешко партнерство меѓу ЕУ и Јапонија
-
Сообраќајот по влажни коловози, застои нема
-
Облачно со повремен пороен дожд и грмежи
-
Тошковски: Нова полициска станица во Кисела вода, за поефикасна полиција, побезбедни граѓани
-
Коалиција „Вреди“: Наши членови незаконски се задржани во полициска станица во Тетово