Свет
8. May 2017 - 21:25

Лавров во дводневна посета на САД

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров од девети до 11 мај ќе биде во посета на САД и ќе се сретне со американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, соопшти денеска руското Министерство за надворешни работи.

Состанокот Лавров - Тилерсон е предвиден за 10 мај во Вашингтон.

Средбата е договорена на маргините на Самитот за Арктикот, што се одржа во Алјаска.