Лавров: Трамп и Тилерсон се прагматични, што е добра основа за соработка
Рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров, денеска не сакаше да ја коментара одлуката на новоизбраниот американски претседател, Доналд Трамп, за иден државен секретар да го именува Рекс Тилерсон, но изрази очекување дека прагматизмот што го поседуваат Трамп и Тилерсон ќе биде основа за соработка меѓу двете земји.
На прашањето како го коментара именувањето на Тилерсон, извршен директор на нафтената компанија „Ексон Мобиле“, Лавров на прес конференција во Белград, по завршување на билатералната министарска средба, изјави: „Тоа немам право да го коментарам. Новоизбраниот претседател на САД ја донел одлуката, ние тоа го прифаќаме и сме подготвени да соработуваме со сите партнери кои сакаат да развиваат натамошна соработка со Русија. Тие се прагматични луѓе, не се изјаснуваа против соработката со Русија и се надевам дека тоа ќе биде основата за натаму“.
Ново на Сител
-
Во БиХ уапсени три лица кои барале пари за информација за исчезнатото девојче во Србија
-
Продолжуваат предизборните коалицирања
-
Марш на трансродовите лица
-
Во Собранието седница на Комисијата за одбрана и безбедност
-
Најмалку 38 лица загинаа во израелските напади врз сирискиот град Алепо
-
Над 20 луѓе повредени во сообраќајна несреќа во Германија
-
Мериленд доби помош од 60 милиони долари по уривањето на мостот во Балтимор
-
Сончево и топло со мала локална облачност