Лавров: Трамп го прифати уверувањето на Путин дека Русија не е вмешана во изборите
Американскиот претседател Доналд Трамп ги прифати уверувањата на рускиот лидер Владимир Путин дека Москва не е вмешана во изборите во САД, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.
- Претседателот Трамп истакна дека слушнал јасни изјави од Путин дека „обвинувањата за вмешаност“ се невистинити и оти руските власти не интервенирале. Тој го прифати тоа, нагласи Лавров по средбата на двајцата лидери во Хамбург на маргините на самитот Г-20.
Американскиот државен секретар Рекс Тилерсон, пак, потенцира дека Трамп на почетокот на средбата со рускиот колега го покренал прашањето за загриженоста на американскиот народ поради наводото руско мешање во претседателските избори во САД минатата година
- Имавме мошне остра и долга размена на мислења на таа тема, изјави Тилерсон по состанокот.
Тој нагласи дека Трамп повеќе пати го „притиснал“ Путин на таа тема, но оти тој секој пат ги демантирал тврдењата.
Ново на Сител
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари
-
ДИК: Гласањето во затворите тече без проблеми
-
Водителот Марко Новески стана татко на близначиња