Свет
24. April 2018 - 10:31

Лавров се сомнева дека САД ќе се повлечат од Сирија

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров смета дека САД не планираат да ја напуштат Сирија и покрај тврдењата на Вашингтон дека го планира тоа.

Лавров во Пекинг изрази надеж дека „по средбата со неговите колеги од Франција ќе стане појасно каква ќе биде соработката за сириското прашање“.

Американскиот претседател Доналд Трамп кон крајот на март најави дека САД „многу наскоро“ ќе се повлечат од Сирија истакнуајќи дека е време „ други луѓе да се грижат“ за ситуацијата во земјата.

Трамп истакна дека Исламска држава е поразена. 

- Мораме да се вратиме во нашата земја каде што припаѓаме, каде што сакаме да бидеме, рече тогаш американскиот претседател.