Свет
25. October 2016 - 10:18

Лавров: САД треба да прават разлика меѓу терористите и умерената опозиција

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров одново побара од американскиот државен секретар Џон Кери да се прави разлика помеѓу терористите и „борците на умерената опозиција“ во Сирија.

Лавров во телефонски разговор со Кери истакнал дека борците кои го окупирале источиот дел на Алепо, пукале на цивили за време на прекин на огнот, соопшти руското Министерство за надворешни работи.

Заменикот министер Генадиј Гаилов пак, денеска изјави дека Москва е разочарана од работата на ОН во тек на примирјето коешто го прогласија руските и сириските воени власти. Откако примирјето заврши, борбите во Алепо продолжија.

- 3а жал, за тие три дена хуманитарните агенции на ОН не ја искористија оваа прилика за да им помогнат на оние на коишто им треба, ниту пак, им помогнаа да излезат од источен Алепо, рече Гаилов.