Свет
12. February 2016 - 20:55

Лавров: Руските и американските воени сили да соработуваат во Сирија

Руските и американските оружени сили мора „да соработуваат на терен“ во Сирија за да го олеснат примирјето и доставувањето на хуманитарна помош кое го договорија светските сили, изјави денеска шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

- За да успее ова, потребна е соработка меѓу војските на терен, како по хуманитарни прашања, така и во врска со прашањата за прекинот на огнот, рече Лавров.

Шефот на руската дипломатија рече дека од почетокот на операцијата во Сирија, Русија предлагала воени контакти меѓу Русија и коалицијата на чело со САД.