Лавров: Русија не сака да се конфронтира ниту со САД, ниту со НАТО, ниту со ЕУ
Ниту една земја во светот не може да претендира да ги решава сама современите меѓународни проблеми, рече рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров пред пратениците од државната Дума, јави ТАСС.
- Денеска, меѓународните односи преживуваат пресврен момент, поврзан со постојано формирање на нова полицентрична архитектура, истакна тој.
- Тоа е објективна тенденција која одразува културно-цивилизациска разноликост на современиот свет, појава и зајакнување на нови центри на влијание и природна желба на народите сами да ја одредат својата иднина, продолжи Лавров.
- Во време на зголемени терористички закани, на продлабочување на регионалните конфликти, на нестабилноста во светската економија се повеќе, јасно се чувствува стремежот на нашите партнери на Запад на чело со САД по секоја цена да ја добијат глобалната доминантна позиција, изјави рускиот министер за надворешни работи.
- Очигледно е дека ните една држава, дури и најмоќната, ниту една група на земји не може да претендира сами да ги решава светските проблеми, нагласи тој.
- Ние немаме намера дека се конфронтираме, како што ни наметнуваат, ниту со САД, ниту со НАТО, ниту со ЕУ, истакна министерот Лавров.
Ново на Сител
-
Од денеска поскапува регистрацијата на возилата
-
Мета: Победата на професорката Давкова ќе биде уште поубедлива
-
Протести во Венеција против туристичката такса - Судир на полицијата со демонстрантите
-
Кривична пријава за жител на Росоман за посредување и тргување со оружје или распрскувачки материи
-
Таравари демантира дека вчера имал тајна средба со Ахмети, на која добил понуда од него
-
Во германските продавници пронајдени се над сто килограми кокаин во пратките со банани
-
Тошковски во посета на ЕВР Центар и Бит Пазар
-
Грчката Влада ја остава отворена можноста да ѝ помогне на Франција со противвоздушни системи за време на Олимписките игри