Свет
1. December 2016 - 13:36

Лавров: Русија ќе продолжи со операциите и ќе го спаси Алепо од терористи

Русија ќе продолжи со операциите во источно Алепо и ќе го спаси сирискиот град од терористи, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров за време на посетата на Турција.

На заедничка прес-конференција по средбата со турскиот колега Мевљут Чавушоглу, тој рече дека Русија ќе продолжи со напорите за да се овозможи доставување хуманитарна помош за Алепо.

Чавушоглу истакна дека со Лавров се согласил околу потребата за примирје во Алепо и останатите делови во Сирија, но напомена дека ставот на турската Влада за сирискиот претседател Башар ал-Асад е јасен.

Русија е главен поддржувач на Асад, додека Турција ги поддржува бунтовниците кои се борат да го соборат од власт.