Лавров: Русија ќе инсистира на учество на Курдите во мировните преговори за Сирија во Женева
Русија цврсто ќе инсистира Курдите задолжително да бидат претставени на меѓусириските преговори во Женева, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, јави ТАСС.
Во интервју за руската телевизија Рен ТВ, Лавров рече дека во преговорите, кои почнуваат утре во Женева, задолжително треба да бидат вклучени Курдите во името на суверенитетот и територијалниот интегритет на Сирија.
Русија има информации дека Турција се обидува да се зацврсти на неколку стотини метри од границата внатре во Сирија, истакна во интервјуто рускиот дипломат.
- Настојувајќи да не се дозволи утврдување на курдските сили во Сирија, Турција почна да тврди дека има суверено право да создава некакви безбедносни зони на сириска територија, посочи Лавров.
- Според нашите податоци тие веќе се „вкопуваат“ на неколку стотини метри од границата внатре во Сирија, додаде тој.
Лавров исто така рече дека Русија е подготвена да ги координира активностите во Сирија со САД, за да може Рака да биде ослободена од „Исламска држава".
Ново на Сител
-
Почнаа разговорите за коалиција
-
Убедливо водство на Силјановска
-
Тема на денот со Љупчо Петковски, политиколог
-
Светските медиуми известуваа за изборите во Македонија
-
Бизнисот очекува политичка промена и исполнување на ветеното
-
ГРОМ призна пораз, ЗНАМ сметаат дека се родила третата опција, Левица очекува повеќе гласови на 8ми мај
-
Преглед на вестите од светот
-
Убедливо водство на Силјановска