Свет
7. April 2017 - 11:08

Лавров: Ракетниот напад во Сирија потсетува на инвазијата врз Ирак во 2003 година

Американската интервенција во Сирија потсетува на воената инвазија врз Ирак во 2003 година, изјави шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров.

- Русија се надева дека американската провокација врз Сирија нема да предизвика неповратна штета, истакна Лавров.

Според него, Русија нема да донесува заклучоци за односите со САД по ракетниот напад врз сириска воено воздухопловна база во провинцијата Хомс.