Лавров: Присуството на проиранските сили во Сирија е легално
Присуството на проиранските сили во Сирија е врз законска основа, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.
Тој истакна дека на неодамнешните разговори со американската страна не станало збор за повлекување на проиранските сили од Сирија. - Русија не вети дека ќе обезбеди повлекување на проиранските формации од Сирија, изјави Лавров.
- Ако разговараме за проиранските сили, некој ќе дојде во искушение целата сириска војска да ја нарече проиранска. И што потоа? Мораат ли и тие да се предадат? Тоа е она што го нарекуваме „пусти соништа“, изјави шефот на руската дипломатија.
Претходно, висок претставник на американскиот Стејт департмент, коментирајќи го трипартитниот меморандум потпишан на 8 ноември меѓу Русија, САД и Јордан, рече дека Русија ветила оти ќе помогне во повлекувањето на иранските и проиранските сили од југозападна Сирија.
Рускиот министер истакна дека Русија и Иран се легално во Сирија на покана на сириската Влада и дека постои „нелегитимно присуство предводено од САД, кое спроведува воени акции, првенствено преку поддршка на опозициските формации".
Ново на Сител
-
Неврохирург со амбиција за промени во општеството | Венко Филипче | Неформално | Sitel Podcast 028
-
Вработена во битолско средно училиште нападната од колешка
-
Поради одржување предизборни митинзи в сабота и недела изменет режим на сообраќај во Скопје
-
Во општините Дебар и Центар Жупа повеќе гласачи од жители
-
Тепачка помеѓу две колешки во средно училиште во Битола
-
Вчера пријавени два различни случаи на физичко насилство на Бит Пазар
-
Приведени сопружници од Скопје
-
Во Прилепско во тек се теренски акции за имунизација