Свет
1. May 2021 - 9:42

Лавров: Односите меѓу Русија и САД се полоши од периодот на Студената војна

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров оцени дека односите меѓу Русија и САД се полоши отколку во периодот на Студената војна поради недостиг на взаемно почитување.

Тој истакна дека Москва е подготвена да ги нормализира односите со Вашингтон, но САД треба да престанат да се однесуваат како „суверени владетели“ додека им зборуваат на своите сојузници против Русија и Кина.

Лавров нагласи дека доколку САД избегнуваат дијалог заснован на меѓусебно почитување и баланс на интереси, тогаш ќе се живее во услови какви што биле во текот на Студената војна, па дури и полошо.

– За време на Студената војна тензиите беа големи и често се случувале опасни кризни ситуации, но постоело меѓусебно почитување. Очевидно е дека сега имаме дефицит од тоа, додаде шефот на руската дипломатија.