Свет
25. February 2016 - 15:36

Лавров: Нема „План Б“ на договорот за прекин на огнот во Сирија

Нема „План Б“ на договорот за прекин на огнот во Сирија и не се планира да има, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

На 22 февруари САД и Русија лиферуваа заедничка изјава дека на 27 февруари на полноќ стапува во сила прекинот на огнот во Сирија и оти со условите на примирјето засегнати се сите спротивставени страни со исклучок на терористичката организација „Исламска држава“ и сирискиот клон на Ал Каеда, Џебхад Ал Нустра. 

Подоцна САД соопштија дека подготвуваат план Б во случај примирјето да не се спроведе во предвидениот рок, но без да откријат детали што би значел тој алтернативен план, пренесува Тасс.

Прашан да го коментира тој план, Лавров рече: „За план Б сите кажаа дека нема и нема да има. Ниту од страна на Русија ниту од страна на САД“.