Свет
5. December 2016 - 12:54

Лавров: Можен договор меѓу САД и Русија за повлекување на бунтовниците од Алепо

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров изјави денеска оти е уверен дека Москва и Вашингтон можат да постигнат договор во разговорите оваа недела за повлекување на сите бунтовници од источниот дел на Алепо во Сирија, јави ТАСС. 

- Кога ќе се постигне договор, сите бунтовници кои ќе одбијат да го напуштат опколниот дел на градот ќе бидат третирани како терористи, нагласи Лавров, додавајќи дека Русија ќе ја поддржи операцијата на сириските војници против оние кои ќе останат. 

- Русија и САД ќе започнат разговори за повлекување во вторник навечер или во среда наутро, а консултациите се одложени на барање на САД, наведе Лавров. 

Како што објасни тој, американски и руски експерти најпрво ќе се договорат за рутите и временските рамки за повлекување на екстремистите од источниот дел на Алепо за потоа да може примирјето да стапи во сила. 

Лавров истакна дека резолуцијата на ОН за примирје сега и била контрапродуктивна бидејќи тоа би им овозможило на бунтовниците да се прегрупираат.