Лавров: Москва предлага меѓународна конвенција за борба со кибер криминалот
Москва предлага склучување меѓународна конвенција за борба против кибер криминалот, со која ќе се опфати и борбата против хакерството, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров, кој говореше во Воената академија на Генералштабор на руските Вооружени сили.
Како што јави ТАСС, Лавов нагласи дека Русија заедно со своите партнери, пред се од Шангајската организација за соработка, изготвила нацрт-документ за правилата за однесување во кибер просторот.
- Тој долумент, кој е доставен до ОН, има за цел да отвори дијалог за правните аспекти за уредување на таа сфера. Ние предложивме хакерството да го направиме казниво во меѓународното право, нагласи тој.
Лавров во обраќањето се осврна и на обвинувањата од западот дека Москва се обидува да влијае на узборните процеси на Западот.
- Русија не се меша во изборите на други држави и тврдењата дека Москва ќе влијае врз изборите во Германија и Франција се измислици. Ние сме подготвени да соработуваме со оние кои ќе дојдат на власт, додаде Лавров.
Ново на Сител
-
Игор Јуриќ: Да бидеме подготвени на најлошото, но да не се предаваме - верувам во чудо
-
Почина уште едно повредено лице во терористички напад во Москва
-
ВМРО-ДПМНЕ ја официјализираше својата коалиција
-
Мицкоски очекува ТВ дуел со Ковачевски
-
МТСП: Понеделник неработен за граѓаните од католичка вероисповед
-
Се уште нема трага од двегодишната Данка, потрагата продолжува
-
Индустриското производство во февруари зголемено за 0,3 отсто
-
ДЗС: Струјата во второто полугодие лани поскапела за 8,2 отсто