Свет
23. May 2017 - 14:38

Лавров: Кризата во Македонија може да се реши само во рамки на Уставот

Делувањето на некои македонски опозиционери, со поддршка добиена надвор од земјата, „создадоа закана за државноста на таа земја“, изјави денеска рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров.

- Ја разгледавме состојбата во Македонија, која предизвикува вознемиреност, рече Лавров по средбата во Москва со шефот на хрватската дипломатија Давор Иво Штиер.

Тој подвлече дека Москва смета дека кризата во Македонија може да се реши единствено во рамки на Уставот на земјата.

Во посета на Москва е претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов, кој утре треба да се сретне со претседателот на Руската Федерација Владимир Путин.