-->
-->
Лавров изрази загриженост од дејствијата на турските вооружени сили во северна Сирија
-->
Турскиот министер за надворешни работи Мевљут Чавушоглу во телефонски разговор го информирал рускиот колега Сергеј Лавров за турската воена операција во Сирија, соопшти МНР во Анкара.
Лавров изразил загриженост поради дејствијата на турските вооружени сили и опозициските групи во северниот дел на Сирија, кои се поддржани од Анкара..
Чавушоглу истакнал дека е постигнат напредок од страна на сириската опозиција во борбата против ИД.
Двајцата министри, исто така, разговарале и за испраќањето на хуманитарна помош и напорите за наоѓање политичко решение во Сирија.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Руски воен репортер загина во Украина
-
Претрес во Свети Николе, пронајдена дрога
-
Пожари на диви депонии во Желино и Боговиње
-
Приведен дилер во Охрид, пронајдена дрога
-
Вучиќ-О'Брајан: Различни ставови по прашањата за Косово и Сребреница
-
Шест деца и тројца возрасни загинаа во израелски напад во Рафа
-
Во вторник предизборен молк
-
СПМ поднесе кривична против поранешниот министер за внатрешни работи и други три лица за несовесно работење