Свет
9. December 2015 - 21:54

Лавров и Кери разговараа за новата рунда преговори за Сирија

Шефот на руската дипломатија Сергеј Лавров и американскиот државен секретар Џон Кери разговараа за можностите за организирање нова рунда состаноци на меѓународната група за Сирија, соопшти денеска руското МНР.

Во телефонски разговор Лавров и Кери зборувале за чекорите кои се неопхдни да се преземат за да се изнајде политичко решение.

Лавров во разговорот укажал на потребата пред состанокот да се подготви список на сите терористички групи против кои е потребно да се интервенира и да се прецизира кој би требало да влезе во делегацијата на патриотската опозиција која ќе учествува во преговорите со сириските власти под покровителство на ОН.