Свет
29. December 2018 - 13:49

Лавина затрупа рудари во Русија: Двајца загинаа кога затрупа рудник со злато

Во лавина која го погоди северот на регионот Хабаровск во Русија, загинаа две лица, соопшти денеска официјалните власти.

Лавината ја погоди областа каде што се наоѓа рудникот на злато Многовершино и потрупа десетина вработени во рудникот, соопшти Министерството за вонредни ситуации, јави агенцијата Тасс.

Осум луѓе подоцна се спасени, а двајца им подлегнаа на здобиените повреди.