Свет
14. January 2019 - 10:41

Лавина падна врз куќа во Австрија и хотел во Германија: Глетка за неверување - се е под снег, затрупани и патиштата

Според новите информации кои ги објавија германските и австриските медиуми, опасноста од лавини и натаму е исклучително висока, а засега загинаа најмалку 26 лица.

Синоќа околу 21.30 часот лавина се урна врз куќа која се наоѓа на шумскиот пат на подрачјето на австрискиот град Ворарлберг. Шумскиот пат е затрупан, а изгледа како куќата да не е оштетена. За среќа, никој не е повреден.

Како што пишува ОРФ, жителите на куќата забележале дека им се приближува лавина па побегнале од неа.

Лавина погоди и хотел во Германија. Имено во ноќта меѓу неделата и понеделникот лавина се урна врз хотел во германскиот Балдершванг. За среќа, како што јавуваат локалните медиуми повикувајќи се на информации кои ги добиле од хотелот, и тука нема повредени. На едно лице му се слошило, веројатно од шок.

Во хотелот кој сега од една страна е затрупан со купишта снег, биле подготвени за можна лавина.