Лавина го затвори целосно патот Маврово - Дебар | Сител Телевизија
Македонија
13. February 2018 - 20:15

Лавина го затвори целосно патот Маврово - Дебар

Поради лавина на патот во целосен прекин е сообраќајот на патот Маврово - Дебар, соопшти вечерва Авто мото сојузот на Македонија. 

Врнежите од снег предизвикаа проблеми во сообраќајот на поголем дел од патиштата низ државата. Забрана за патнички возила е воведена на планинскиот превој Ѓавато, а на патниот правец Тетово–Попова Шапка е воведена забрана за тешки товарни возила и за автобуси. Забрана за тешки товарни возила има и на патните правци Струга – граничен премин Ќафасан, од Стража кон село Колари и обратно и на планинските премини Пресека и Буково.

Врнежи од снег има во Тетово, Попова Шапка, Гостивар, Стража, Маврово, Прилеп, Охрид, Струга, Ресен, Крушево, Кичево, М.Брод, Буково, Ѓавато, Плетвар, Пресека и Железнец.

На планинскиот превој Стража намалена е и видливоста до 100 метри поради магла.