Кошарка
22. November 2015 - 9:38

Лав и Џејмс го предводеа Кливленд во победата над Атланта

 
 Во реприза на ланското финале на Источната конференција тимот на Кливленд ја победи Атланта со 109-97. 
 
И овој пат предводници кај  „Кавси’’ беа Кеви Леброн и Леброн Џејмс, двајцата со „дабл-дабл’’ учинок. Лав средбата ја заврши со 25 поени и 11 скокови, а Џејмс имаше 19 поени и 11 скокови. Блиску до двоен учинок беше и Тртистан Томсон кому му недостасуваше еден поени, а зад неговата статистика беа впишани 9 поени и дури 16 скокови.
 
Кај гостите од Атланта, дури петмина кошаркари имаа двоцифрен број на поени. Пол МИлсам и Кајл КОрвер постигнаа по 14, еден помалку имаа Тибо Сефолоша и Џеф Тиг, а Ал Хорфорд постигна 10.
 
На останатите натпревари одиграни ножеска, постигнати се овие резултати: 
 
Орландо – Сакраменто 91-97
Индијана – Милвоки 123-86
Детроит – Вашингтон 95-97
Хјустон – Њујорк 102-107
Мајами – Филаделфија 96-91
Сан Антонио – Мемфис 92-82
 
Вечерва од 21 часот и 30 минути (по македонско време) ќе се игра натпреварот меѓу ЛА Клиперс и Торонто.