Свет
27. December 2015 - 10:30

Латинска Америка: Шест загинати, 160.000 евакуирани поради поплавите

Најмалку шест луѓе загинаа, а над 160.000 се евакуирани од своите домови во Парагвај, Аргентина, Бразил и Уругвај поради поплавите, соопштија денеска властите.

Ова се најтешки поплави кои ја погодија Латинска Америка во изминатите неколку децении.

Најтешко е погоден парагвај, каде четири лица го загубија животот.

Претседателот Хорасио Картес прогласи вонредна состојба во земјата, а издвоени се 3,5 милиони долари за помош на загрозените.