Македонија
26. October 2015 - 17:20

Латас: Тестаментите на ВМРО - ДПМНЕ и на СДСМ

Македонската јавност жестоко се противи на барањата на СДСМ кои го надминуваат потпишаното во договорот од Пржино.

Последната колумна во “Вечер“ на главниот уредник на “Сител“, Драган Павловиќ Латас, насловена како “Тестамент“ ја разбранува македонската Јавност и предивизика бура од реакции.

Латас вели дека овој пат се протиставени опција која сака да ги суспендира уставот, законот, судството, обвинителството и целиот политички систем и опција која носи прогрес во Македонија.Тестаментот на СДСМ се 200,000 невработени, продадено име и знаме, загубена војна, ограбени фабрики и имоти, пирамидали штедилници и криминал и корупција на Заев и Шекеринска, лично и преснолно – пишува Латас. Во нивниот тестамент се и навредите на нивните луѓе кон македонскиот народ.

Од друга страна ВМРО-ДПМНЕ е опцијата која донесе субвенции, повисоки плати и пензии, над 100,000 нови вработувања. Според него, договорот од Пржино е веќе суспендиран од СДСМ.СДСМ се закануваат дека доколку не им се исполнат барањата ќе продолжеле со таканаречените бомби, Латас вели дека веќе никој не се плаши од нивните криминални прислушувани разговори.Според Латас излезот од кризата е едноствен, или да се спроведува договорот од пржино онака како што е потпишан, или веднаш да се распишат избори.