Фудбал
8. March 2021 - 10:44

Лапорта се врати на претседателската функција во Барса

Некогашниот прв човек на Каталонците Жоан Лапорта ги доби претседателските избори и на  функцијата  го наследи Џозеп Марија Бартомеу, кој во октомври минатата година поднесе оставка.
 
Лапорта по 11 години се враќа на челната позиција во Барселона. Во првиот мандат, од 15 јуни 2003 до 30.јуни 2010), тој освои четири трофеи во Ла Лига, два во Лигата на шампионите, три во Суперкупот на Шпанија и по еден во Купот на кралот, Суперкупот на Европа и Светското клупско првенство.
 
На изборите гласале нешто повеќе од 110.000 членови на клубот. Лапорта добил 54,28 отсто од гласовите, односно за него гласале 30.184 членови на клубот. Вториот кандидат, Виктор Фонт, добил 29,99 отсто од гласовите, а 8,58 отсто од членовите на клубот гласале за Тони Фреиша.
 
Лапорта доби мандат да го води клубот до 2026 година. Уште на почетокот на мандатот се соочува со тешка задача, треба да го убеди Лионел Меси да остане во клубот. Во предизборната кампања Лапорта тврдеше дека тој е кандидатот кој ќе го задржи Меси во клубот.